Утрински Весник
Свет

Производството на вакцини во Франција започнува во март

Производството на вакцини во Франција започнува во март

Во Франција еден производител ќе започне со производство на вакцина против Ковид-19 од американската лабораторија на „Модерна“ во март, додека друг друг производител ќе започне со производство на вакцината на „Фајзер-Бионтек“ во април, изјави француската министерка за индустрија Ањес Пание-Ринахер.

„Првата фабрика што ќе започне со производство ќе биде во средината на март со вакцината на ’Модерна’“, изјави министерката за радиото РТЛ.

Таа рече дека потоа, во текот на април, производството ќе започне на друга локација за вакцината на „Фајзер-Бионтек“, а производството на вакцината на „Кјурвак“ треба да започне во мај, за што сè уште се чека одобрување.

Францускиот претседател Емануел Макрон, по состанокот со големите француски и европски лаборатории, објави дека производството на вакцини против коронавирус во Франција ќе започне кон крајот на февруари или почетокот на март.

Макрон рече дека четири производствени погони ќе произведуваат вакцини развиени од други лаборатории, од кои три се француски подизведувачи.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија