Утрински Весник
Магазин

Произведувачи на алкохол донираат средства за производство на дезинфициенси

Произведувачи на алкохол донираат средства за производство на дезинфициенси

Лондон, 24 март 2020 (/) – Најголемиот произведувач на пиво во светот – Анхеузер-Буш Ин-Бев и произведувачот на жестоки пијалаци Дијагео ќе даруваат неколку милиони литри алкохол за производство на дезинфекциски средства.

Британски Дијагео ќе донира два милиона литри прочистен алкохол од житарици. Со тоа ќе може да се произведат над осум милиони шишиња дезинфициенс од по 250 милилитри, за потребите на жителите на Австралија, Бразил, Велика Британија, Кенија, Индија, Ирска, Италија и САД.

Ин-Бев пак, најави помош за болници во неколку европски земји – дезинфициенс произведен од алкохол издвоен од безалкохолно пиво. Проектов ги опфаќа Белгија, Велика Британија, Франција, Италија и Холандија.

Претходно, ирската компанија Пернод Рикард, производител на вискито „Џејмисон“, беше меѓу првите кој понудија помош за производство на 70.000 литра антибактериски гел. Во борбата против епидемијата на коронавирусот, се вклучија и германски Бејерсдорф и француски Ел-ем-ве-икс. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста