Утрински Весник
Македонија

Проект за подобрување на инклузијата и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост

Проект за подобрување на инклузијата и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Подобрување на инклузијата и предизвиците со кои лицата со попреченост се соочуваат во животот во нашата држава. Ова е целта на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, што го спроведуваше Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од март 2018 до февруари 2020 година, со поддршка од Европската Унија.

Проектот се реализираше во шест општини, Карпош, Гостивар, Струмица, Тетово, Куманово и Велес, во 13 основни и седум средни училишта, ученици со и без попреченост, наставници, стручна служба, родители и со шест граѓански организации „Мобилност“ од Велес, „Хендимак“ од Тетово, „Порака Наша“ и „Инклузива“ од Куманово, „Вера“ од Струмица и „Сината птица“ од Скопје.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ изјави дека една од целите на проектот била партнерствата меѓу општините и невладините организации да се зајакнат и да се создаде соработка која ќе се одвива и по завршувањето на овој проект.  Секоја општина дефинирала по еден предизвик на кој може да се работи.

-Работевме и за подобрување на вештините на лицата со попреченост за вработување. Работевме и на еден документ што може да се погледне на веб-страницата www.stepbystep.org.mk наречен модел за инклузивна општина. Тоа е еден сеопфатен документ каде во разни области се проценува општината и нивото на кое е стигната општината на полето на инклузијата, изјави Џајковска на завршниот настан на проектот.

Потсети дека новите законски решенија, како Законот за основно образование, ги наметнуваат овие теми како еден општествен приоритет. Џајковска изјави дека сè уште пристапноста е еден од најочигледните проблеми во нашата држава.

Со завршниот настан од проектот се одбележува и Светски ден на социјалната правда – 20 Февруари. мд/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина