Утрински Весник
Македонија

Проект за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор

Проект за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Владата ја овласти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, како назначен претставник за комуникација со Зелениот климатски фонд – Focal Point, да го потпише писмото без приговор за Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава и во рок од една недела од Информацијата за потребата од издавање на писмото, која е усвоена на денешната владина седница, да го достави до Светската банка и Министерството за финансии.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на проектот е да ја намали потрошувачката на енергија во јавниот сектор и да го поддржи развојот и имплементацијата на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор.

-Проектот ги вклучува следните три компоненти: Вкупниот износ на Проектот развиен од страна на Светската банка се очекува да достигне вредност од 64 милиони долари, од кои преку Зелениот климатски фонд се очекува потенцијално финансирање од 10 милиони долари во вид на грант средства. Предложениот предлог-проект кој треба да обезбеди дополнителни средства во вид на грант од Зелениот климатски фонд ќе биде дел од Проектот за да помогне во зголемувањето на почетниот капитал и капацитет за воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност во државата, соопшти прес-службата на Владата. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија