Утрински Весник
Свет

Продолжува хаосот на улиците во Канада – уапсени повеќе од 100 лица

Продолжува хаосот на улиците во Канада – уапсени повеќе од 100 лица

Полицијата, во соработка со коњаничкиот полициски одред, ги потисна толпите демонстранти со цел да ги отстрани од улиците во центарот на Отава, а при таа интервенција уапси повеќе од 100 луѓе.

Полициските сили преместуваа возила кои го блокираа јадрото на канадската престолнина повеќе од три недели за време на протестите против епидемиолошките мерки и ограничувања, пренесува Ројтерс.

Поради страв од ескалација на протестите и насилството, полицијата во Отава се обиде да ги растера демонстрантите со наметнување мандатни казни на лице место и заканувајќи им се дека ќе ги уапси, додека стотици полицајци полека ги расчистуваа централните делови на градот и покрај ниските температури и свежиот снег.

Во текот на денот имаше тензични моменти кога дел од демонстрантите беа насилно извлечени од возилата, а други, кои се противеа на полициското напредување, беа фрлени на земја со врзани раце.

Во полициското соопштение се вели дека демонстрантите „насилнички се однесувале“ доцна попладнето, принудувајќи ја полицијата да интервенира за „да се расчисти критичната област“.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина