Утрински Весник
Свет

Продолжува хаосот во Мјанмар, убиени најмалку 14 демонстранти

Продолжува хаосот во Мјанмар, убиени најмалку 14 демонстранти

Безбедносните сили на Мјанмар убиле најмалку 14 демонстранти во областа Јангон, а некои локални медиуми објавија за поголем број на мртви.

Некои портали објави дека информациите дошле од спасувачи и болница во близина на индустрискиот кварт.

Во исто време, државната телевизија МРТВ објави дека еден полицаец е убиен, а тројца се повредени за време на денешниот протест во градот Багo.

Во извештајот се наведува дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата и дека се утврдува дали користеле оружје.

Досега, според армијата, само еден полицаец починал од повреди за време на протестите, додека повеќе од 80 демонстранти се убиени.

Во Мјанмар повеќе од еден месец се одржуваат демонстрации во знак на протест поради државниот удар со кој војската ја презеде власта на 1 февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Киев ќе мора да го прифати мировниот план на Трамп – му порачаа САД на Зеленски

Зеленски се надева дека ќе продолжи размената на затвореници со Русија до крајот на годината

Израел ги засили нападите врз јужен Либан