Утрински Весник
Македонија

Продолжува судењето за „Рекет”

Судењето за „Рекет“ одложено за 24 април

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот предмет „Рекет”, кој е во фаза на дополенине на доказна постапка, односно одбраната на обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе презентира материјални докази.

По оваа фаза следуваат завршните зборови.

Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци.

Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На истиот пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За случајот „Рекет”, Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет. оџ/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија