Утрински Весник
Македонија

Продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Пред годишнина од сообраќајката, ново рочиште за „Ласкарци“

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари минатата година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. аа/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“, се аспат лица од УЈП и ДПИ

ТАВ Македонија донираше најсовремена медицинска опрема на клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања