Утрински Весник
Спорт

Продолжува сонот на Гамбија – победа над Гвинеја за четврт-финале на Африканскиот куп

Продолжува сонот на Гамбија – победа над Гвинеја за четврт-финале на Африканскиот куп

Гамбија е третиот четврт-финалист на Африканскиот куп на нации, откако репрезентацијата која е само 150. на ФИФА ранкинг листата го изненади фаворитот Гвинеја за 1:0 победа. Следен противник на Гамбијците е подобриот од мечот меѓу домаќинот Камерун и второто најголемо изненадување на турнирот, Коморите.

Единствениот гол на мечот „падна“ во 71. минута, кога напаѓачот на Болоња, Муса Бароу доби одлична топка од уште еден фудбалер на „печалба“ во Италија, Јусуфа Боб од Пјаченца, за да постигне убав гол.

ОСМИНАФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Гвинеја – Гамбија 0:1

Камерун – Комори 20.00 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Буркина Фасо – Тунис

Гамбија – Камерун/Комори

Сенегал/Кабо Верде – Мали/Екваторска Гвинеја

Брег на Слонова Коска/Египет – Мароко/Малави

> Продолжува сонот на Гамбија – победа над Гвинеја за четврт-финале на Африканскиот куп <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина