Утрински Весник
Свет

Продолжува самитот на ЕУ, лидерите се убедени дека се блиску до договор

Продолжува самитот на ЕУ, лидерите се убедени дека се блиску до договор
Dik 300x250 mk

Лидерите на Европската унија одлучија за еден ден да го продолжат самитот на кој се обидуваат да постигнат компромис за буџетот и за фондот за опоравување од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Вчера лидерите на ЕУ во Брисел не успеаја да постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19. За денеска е нов компромисен предлог од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Ако не се постигне договор, лидерите на ЕУ повторно ќе се состанат во Брисел на 27 и 28 јули.

Мишел вчера излезе со нов предлог на самитот на ЕУ – да се префрлат 50 милијарди евра од грантови на заеми од предложениот фонд за обнова на ЕУ. Се очекуваше вкупниот износ на фондот да остане на 750 милијарди евра, но нивото на грантовите да се намали на 450 милијарди евра, од предложените 500 милијарди евра, отстапка којашто во согласност со барањата на т.н. „штедлива четворка“ (Австрија, Данска, Холандија и Шведска).

Мишел понуди и компромис за управувањето со фондот, обидувајќи се да ја убеди Холандија да го потпише договорот.За да ги намали грантовите, Мишел предложи кратења на неколку буџетски програми, вклучително и Хоризонт Европа (намалување од 2 милијарди евра), здравствена програма (намалување од 2,7 милијарди евра) и финансирање на рурален развој – 5 милијарди евра. Покрај тоа, планираното финансирање од 26 милијарди евра за поддршка на солвентноста на компаниите ќе биде укинато.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите