Утрински Весник
Спорт

Продолжува „маршот“ на Ига Швјонтек

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос по рутинската 6:3/6:2 победа над Американката Џесика Пегјула за да го продолжи „маршот“ во 2022 и првпат да игра во полуфинале на францускиот гренд слем.

Полјачката има неверојатна година, во која има 33 победи едноподруго и сега ќе го игра второто гренд слем полуфинале во 2022.

Нејзина противничка ќе биде Русинката Дарја Касаткина, која ја доби битката со својата сонародничка Вероника Кудерметова со 6:4/7:6(5). Во второто полуфинале во Париз играат американската тинејџерка Коко Гоф и италијанското изненадување Мартина Тревизан.

> Продолжува „маршот“ на Ига Швјонтек <

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место