Утрински Весник
Македонија

Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

Ресен, 28 март 2020 (МИА) – Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа.

Од секторот за односи со јавност посочуваат дека најавата за подобрување на временските услови не значи и отстранување на забраната за викенд во Преспа и во таа смисла не е дозволен престој во Отешево, Стење, Крани, манастирот во Курбиново, Претор, Сливница…и други туристичко-излетнички места.

Борбата против коронавирусот е заедничка, порачуваат од Општина Ресен, и затоа во овој момент граѓаните треба да останат дома. мт/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа