Утрински Весник
Македонија

Продолжува доизградбата на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Продолжува доизградбата на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Делчево, 13 февруари 2020 (МИА) – Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево.

Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за доизградба на кровната конструкција се донација од д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ од Софија, како и средства обезбедени од донаторската сметка на Општина Делчево отворена за таа намена.

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој изврши увид во работата, изрази голема благодарност за поддршката од д-р Врабевски кој беше донатор и за доизградба на фасадата на соборниот храм во Делчево.

– Несебичната поддршка на д-р Врабевски и на Фондацијата и неговата донаторска мисија и поддршка на Делчево, уште еднаш докажува за големото пријателството и искрена соработка и почитување. Посебно сум задоволен што д-р Врабевски го препозна значењето на овој соборен храм за граѓаните на Делчево и излезе во пресрет. Очекувам наскоро овој грандиозен верски објект да го го добие својот конечен лик. Станува збор за еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, ќе добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители, рече Трајковски

Трајковски, уште еднаш ги повика граѓаните и фирмите на Делчево да донираат за доизградбата на црквата на донаторската сметка отворена за таа намена со цел да се заокружи и ентериерното уредување на верскиот објект.

Претходно беше изградена фасадата на црквата, целосна донација од Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, додека влезните врати се донација од приватна фирма од Пехчево. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме