Утрински Весник
Македонија

Продолжува дистрибуцијата на пакети за социјално загорозените кумановци

Продолжува дистрибуцијата на пакети за социјално загорозените кумановци

Куманово, 21 април 2020 (МИА) – Екипите на општинскиот штаб за заштита и спасување и денеска доставуваат пакети за социјално загрозените семејства. Граѓаните можат да се јават на телефоните 075-323-569, 075-207-126, 077-719-494 и да добијат пакети со храна и средства за хигиена и дезинфекција.
-Во случај нашите служби да не одговараат поради презафатеност на дежурните телефонски броеви, ве молиме испратете СМС порака со име и презиме, адреса и телефонски број за контакт, повика кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општинскиот штаб и денеска продолжува со бесплатна дистрибуција на заштитни маски на граѓаните на повеќе пунктови во градот, меѓу нив пред општината и пред некоку банки во градот. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Томовски: Ќе се набават 100 амбулантни возила

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Со смртни закани барал 3.000 евра од градоначалник – се бара притвор за едно лице од Неготино