Утрински Весник
Македонија

Продолжува дезинфекцијата на улиците во Велес

Продолжува дезинфекцијата на улиците во Велес

Велес, 20 април 2020 (МИА) – Општина Велес и во овој продолжен празничен викенд со цел спречување на ширењето на Ковид-19  интензивно продолжи со  активностите за дезинфекција на јавните површини, станбените колективни згради, но и на главните и споредни улици во градот.

Екипите на ЈКП „Дервен“ и денеска, освен главните интезивно и темелно ги миеше и дезинфицираше и  споредните улици во периферните населби од градот.

Воедно во  изминатиот викенд   дежурните екипи на ЈКП„Дервен“ со механизација  ги  дезинфицираа и патеките на јавните површини во градот.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Албанија и Србија со повисоки плати, нашите граѓани тонат во сиромаштија

Левица: Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно државјанство добил пристап до државни тајни

Поднесено обвинение за депониите во Вардариште, ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад