Утрински Весник
Македонија

Продолжува дезинфекцијата на згради во Општина Карпош

Продолжува дезинфекцијата на згради во Општина Карпош

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Општина Карпош информира дека продолжува вонредната дезинфекција на сите колективни станбеници единици – згради, што имаат повеќе од осум домаќинства. Се работи за еднократна поддршка од Општината, како резултат на состојбата со коронавирусот.

– Оваа активност почна во текот на вчерашниот ден, но интензивно продолжува денеска и до крајот на неделата, кога се очекува да бидат дезинфицирани сите згради во Карпош, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Оваа дезинфекција, како што се наведува, не треба да ги одложи тековните активности за одржување на хигиена и дезинфекција на зградите, кои се планирани од заедниците на сопственици/куќни совети.

Од Општина Карпош потсетуваат дека во изминатиот период се преземени повеќе активности за заштита на здравјето на граѓаните: се миеја локалните улици и урбаната опрема, извршена е дезинфекција на сите училишта и градинки, се спроведува е – настава за основците и дечињата, а активни се и мобилните тимови за поддршка на ранливите групи (набавка на храна, лекови, хигиена). Ги повикуваат сите граѓани да се придржуваат до препораките и мерките за заштита од коронавирусот. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!