Утрински Весник
Македонија

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки
Dik 300x250 mk

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки, соопшти владината прес-служба.

Ова значи дека секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање и/или посвојување по прогласување на вонредната состојба (18.март 2020 година) има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи надоместокот на плата. Отсуството може да се користи сè додека траат времените мерки и не е поврзано со вонредната состојба.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По расправија за сообраќајка на Бит Пазар повреден е скопјанец со остар предмет

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет

Приведени дајца играчи од ФК „Беса“, физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“