Утрински Весник
Македонија

Продолжува асфалтирањето на локални пристапни патишта во руралните средини во М. Каменица

Продолжува асфалтирањето на локални пристапни патишта во руралните средини во М. Каменица

Македонска Каменица, 12 мај 2020 (МИА) – Продолжува асфалтирањето на локалните пристапни патишта во руралните средини во општина Македонска Каменица. Вршејки увид во градежните работи, градоначалничката Соња Стаменкова информираше дека асфалтирањето се реализира во вкупна должина од 2730 метри.

– Ивршив увид во градежните работи и асфалтирањето на локалниот пристапен пат, со кој обезбедивме полесен пристап до домовите на жителите од Гагалевско маало во село Дулица. Градежните работи интензивно ќе продолжат и во наредните денови, со што ќе бидат асфалтирани повеќе локални патишта во неколку од селските средини, како и уредување на пристапни и паркинг простори во градската средина во Македонска Каменица, рече Стаменкова.

Паралелно, како што додаде, се обележува трасата од локалниот пат со кој во иднина ќе бидат поврзани селата Луковица и Косевица.

– По завршувањето на мерењата и со почетокот на градежните работи на патниот правец со должина од 1960 метри директно се поврзуваат Врвачко маало и Рекарско маало. Со ова, покрај зголемената миграцијата на жителите од двете села, се обезбедуваат и подобри услови за посилен локален економски развој на овој дел од нашата Општина, додаде Стаменкова.

Градежната офанзива согласно предвидениот план за работа, како што додадоа од општината продолжува и во наредниот период. вс/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!