Утрински Весник
Македонија

Продолжување на кризната состојба поради Ковид-19, предлага владината група за процена

Продолжување на кризната состојба поради Ковид-19, предлага владината група за процена

Владината група за процена едногласно му предлага на Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест Ковид-19 предизвикана од вирусот Сарс-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, соопшти Центарот за управување со кризи.

Со овој предлог ќе следи и предлогот, институциите во Системот за управување со кризи да продолжат со активностите согласно со Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест Ковид-19 што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.

Одлуките според соопштениетот од ЦУК биле донесени откако владината група за процена под раководство на Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи, одржа седница преку видеоконференциска интернет врска, на којашто учествуваше и националниот советник за безбедност на Претседателот, којшто учествува повремено покрај законски определените членови на Групата: директорите на Агенција за национална безбедност, на Биро за јавна безбедност, на Агенција за разузнавање, раководителот на Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, заменик началник на Генералштабот на АРСМ, замениците директори на ЦУК и на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и директор на ДЗС.

Според писменото соопштение од ЦУК, раководителот на групата за проценка, Ангелов, отворил дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба. Учесниците на седницата, прво имале кусо реферирање во однос на времетраењето на кризната состојба, а потоа и куса дискусија во врска со продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија. Предлог заклучоците биле едногласно прифатени, информираат од оваа институција.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките