Утрински Весник
Македонија

Продолжи судењето за „Таргет-Тврдина“, ова и следните рочишта затворени поради сведочење на вработени во поранешна УБК

Продолжи судењето за „Таргет-Тврдина“, ова и следните рочишта затворени поради сведочење на вработени во поранешна УБК

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина”, но рочиштето ќе биде затворена за јавноста, од причина што ќе сведочат вработени од поранешно УБК. Застапниците на обвинението изјавија дека и следните рочишта ќе бидат затворени за јавноста токму од оваа причина.

Предметот е во фаза на презентирање сведоци. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“