Утрински Весник
Македонија

Продолжен рокот на патните исправи и возачките дозволи до 31 јули

МВР до 24 март треба да утврди критериуми за издавање патни исправи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Продолжен е рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година.

Како што информираат денеска од МВР, на 51-вата седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на МВР се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

– Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР, се појаснува во соопштението од МВР. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за Героски

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!