Утрински Весник
Економија

Продолжен за седум дена рокот за поднесување ДДВ-04

УЈП ги почнува контролите на физичките и правните лица поврзани со „Рекет“

Скопје, 24  март 2020 (МИА) –  Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 1 до 29 февруари годинава се продолжува до 31 март годинава.

-Согласно со препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (коронавирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за седум дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година, соопшти денеска УЈП. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турската компанија Cavo Otomotiv ќе инвестира во ТИРЗ Тетово, ќе се отворат над 400 нови работни места

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство 

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти