Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Продолжено Западнобалканското правило за работа во Германија

Продолжено Западнобалканското правило за работа во Германија
300x250 opst2

Германскиот Бундесрат го одобри продолжувањето на т.н. Западнобалканско правило, според кое граѓаните од регионoт може да доаѓаат во Германија на работа.

Граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија, без оглед на нивните формални квалификации, може да дојдат во Германија на работа до 2023 година, пишува Дојче веле (ДВ).

Западнобалканското правило, кое истекуваше на крајот на годинава, сега е продолжено за две години, но добива ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, така што годишната квота изнесува 25.000 луѓе.

Германската влада оценува дека постои голема побарувачка на работна сила од Западен Балкан, особено во градежната индустрија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија