Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Продолжена евакуацијата од Кабул, воени летови за спас на цивили и дипломати

Продолжена евакуацијата од Кабул, воени летови за спас на цивили и дипломати
Img 7972

Од утрово повторно започнаа воените летови за евакуација на дипломати и цивили од Авганистан изјави за Ројтерс висок претстатвник на безбедносните сили на аеродромот во Кабул.

Пистата, која вчера беше преполна од илјадници луѓе кои очајно сакаа да побегнат од авганистанската престолнина, сега е без гужва, рече официјалниот претставник.

Американските сили ги прекинаа летовите за евакуација вчера вечер поради хаосот што настана кога илјадници Авганистанци се собраа на аеродромот со надеж дека ќе го фатат секој лет за бегство од земјата.

Пентагон синоќа потврди дека летовите од аеродромот во Кабул биле повторно воспоставени откако биле откажани порано во текот на денот.

Сликите и снимките што го обиколија светот покажаа Авганистанци кои брзаа кон аеродромот во обид да ја напуштат земјата, некои од нив трчаа на пистата покрај авионот што се подготвуваше за полетување, а имаше и такви кои се качија во авионот. Најмалку седум лица загинаа во хаосот на аеродромот, вклучително и оние што паднаа од американскиот воен транспортен авион.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови