Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Продажбата на електрични возила во светот лани била зголемена за 43 отсто

Продажбата на електрични возила во светот лани била зголемена за 43 отсто
Img 7972

Глобален пресврт во продажбата на електрични автомобили во светот може да се очекува наскоро, заедно со падот на цените на батериите за овие возила. Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголемила за 43 отсто, пишува „Гардијан“.

Најдалеку во купувањето на електрични автомобили лани отиде Норвешка, каде уделот на овие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година изнесувал дури 54,3 отсто.

Податоците покажуваат дека 4,2 отсто од новите возила во светот биле електрични. Навистина, најголем напредок во нивното купување направија граѓаните од богатите скандинавски земји, но предвидувањата на „Гардијан“ се дека многу брзо електричните возила ќе постанат достапни за граѓаните од останатите земји и без вообичаените даночни олеснувања и субвенциите што ги воведуваат владите ширум светот.

Опаѓањето на цената на батериите е драматична, па така неодамнешно истражување покажува дека еден ваков пакет на батерии чини 4.100 долари, со тенденција на натамошно зголемување на производството и намалување на материјалните трошоци за нивно производство. Како резултат на ова, во следните пет години електричните возила најверојатно ќе постанат најисплатливиот избор за возачите во многу делови од светот.

Очекувањата се дека во 2023 година, батериите за електричните возила ќе ја достигнат цената од 3.000 долари, при што вкупната цена за набавка на едно вакво возило ќе биде идентична на купувањето нов автомобил на погон на бензин, дизел или друго гориво.

Инаку, Норвешка има развиено државна стратегија за целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година, додека светските производители на електрични автомобили се натпреваруваат во Норвешка, која традиционално со години наназад важеше за еден од најголемите производители на нафта во светот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

На кванташки во Струмица лут пипер 30 – 40 денари, на пазарот во Ѓорче 100 денари

Министерот Дурмши во Тетово: Реални можности за зајакнување на жените и младите

Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата на министерката Божиновска за институционална заштита на македонскиот рубин