Утрински Весник
Свет

Продавниците во Словенија нема да бидат отворени во недела и за празници

Продавниците во Словенија нема да бидат отворени во недела и за празници

Продавниците во Словенија ќе бидат затворени во недела и за празници, одлучија членовите на парламентот.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија, за чие усвојување 72 од 88 пратеници гласаа во Националното собрание во вторникот, со ретки исклучоци, забрануваат работа на продавници во недела и на празници.

Продавниците со продажна површина до 200 квадратни метри на бензински пумпи, гранични премини, пристаништа, аеродроми, железнички и автобуски станици и болници се изземени од забраната, пренесува Индикатор.ба.

Исто така, во недела и на државни празници ќе бидат отворат и преостанатите помали продавници со површина до 200 квадратни метри, доколку дејноста ја вршат трговски субјекти, односно нивни претставници, но и студенти и пензионери.

Прашањето дали продавниците треба да бидат затворени во недела и празници ја мачи јавноста во Словенија со децении. Со него се занимаваше Уставниот суд, а во септември 2003 година граѓаните беа прашани за тоа на референдум. Забраната за работа во недела тогаш беше поддржана од нешто повеќе од 57 проценти од гласачите кои излегоа на гласачките места.

Стопанската комора на Словенија се противи на амандманите донесени вчера, и најави можност за процена на уставноста на законското решение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк