Утрински Весник
Македонија

Провремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Провремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови.

Како што информираат од МВР, потрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Нуркачите кон кои се приклучи попладнево и специјалната единица на МВР трагаа по 16-годишното момче од Ресен повеќе од 24 часа.

Момчето било на педалинка со двајца негови другари во туристичката населба „Претор“.

Претходно денеска, сопственикот на педалинката рече дека таа не се превртела, туку децата скокале од неа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска го свика Советот за безбедност

Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк трае од денеска  до 5 март 2026

СДСМ: Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби? Признание за договорот!