Утрински Весник
Спорт

Проблем за Финикс, се повреди Крис Пол

Проблем за Финикс, се повреди Крис Пол

Плејмејкерот на Финикс Санс, Крис Пол, поради повреда ќе отсуствува од терените од шест до осум недели. Финикс се најдобриот тим во лигата со 48 победи и 10 порази.

Финикс, како сега стојат работите, без Пол ќе бидат до крајот на регуларниот дел од сезоната. Регуларниот дел од сезоната во НБА лигата ќе заврши на 10.април.

„Со многу работи се бориме оваа сезона. Поради повреди губевме играчи, се случуваа работи и надвор од теренот…Смешно е и да помислиш дека без пречки ќе успееш да минеш сезона во НБА лигата. Ова сега е малку поинаку бидејќи во прашање е Крис. Сепак ова е можност и другите момци да добијат шанса и тие да си ја подигнат самодовербата. Кога ќе ќе се врати ќе бидеме уште подобри“, рекол тренерот на Финикс, Монти Вилијамс.

Ветеранот Пол, сесонава има просек од 14,9 поени и 10,7 асистенции.

> Проблем за Финикс, се повреди Крис Пол <

Можете да прочитате

Ограбен комплексот „Ролан Гарос“ во Париз

Мурињо стави лаптоп пред камера за да покаже дека судиите погрешиле (ВИДЕО)

Виктор Давидовски обезбеди подиум на трката во Шпанија