Утрински Весник
Спорт

Проблем за Фенербахче – Се повредија Де Коло и Весели

Проблем за Фенербахче – Се повредија Де Коло и Весели

Фенербахче, синоќа, доживеа пораз во Вилербан од Асвел (84:82) и остана без двајцата најдобри играчи, Јан Весели и Нандо Де Коло.

Францускиот репрезентативец, Де Коло, доживеа фрактура на коска во дланката. Извесно е дека тој ќе паузира најмалку еден месец.

Чехот, Весели, го повредил лигаментот на скочниот зглоб, на десната нога. Деновиве ќе биде познато колкава пауза го очекува Весели.

Весели, во Евролигата, има просек од 13,4 поени и шест скока, додека просекот на Де Коло е 12,5 поени и 4,3 асистенции.

Фенербахче во Евролигата има скор од седум победи и 10 порази. Турскиот тим наредната недела ќе гостува во Белград кај Црвена звезда.

> Проблем за Фенербахче – Се повредија Де Коло и Весели <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина