Снегот предизвика метеж во сообраќајот, прекин на летовите, прекин на возовите во централна и западна Јапонија, каде во некои области беа забележани рекордни врнежи од снег.
„Околу 1.500 домаќинства се без струја, а досега не се пријавени повредени лица“, изјави портпаролот на јапонската влада, Хироказу Матсумо, додавајќи дека ќе биде потребно поголемо внимание.
Тој предупреди дека се очекува снежните врнежи да продолжат до утре, пренесуваат агенциите.
Поради блокираните возила, сообраќајот беше во прекин на важен автопат, кој граничи со Кјото. Несреќата ја предизвикал камион кој се излизгал од патот во близина на градот Хиконеа, каде за 24 часа паднале 68 сантиметри снег односно 30 пати повеќе од она што е вообичаено за сезоната.
Речиси 200 патници биле принудени да ја поминат ноќта во блокираните возови а околу 130 домашни летови биле откажани поради снегот.
Според јапонските медиуми состојбата со снегот и денеска не е подобрена па поради тоа има околу 50 нови откажани летови.