Утрински Весник
Македонија

При претрес во Скопје пронајдени оружје и муниција – приведено едно лице

При претрес во Скопје пронајдени оружје и муниција – приведено едно лице

Денеска, полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(62) од с.Љубанци, скопско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката што го водеше предметот против полицајците

Дончиќ: За Македонија и Хрватска нема подобра опција од ЕУ

Две лица уапсени за семејно насилство во последните 24 чса