Утрински Весник
Магазин

Пријанка Чопра: Мојот сопруг верува дека јас ќе бидам прва во семејството Џoнас со „Оскар“

Пријанка Чопра: Мојот сопруг верува дека јас ќе бидам прва во семејството Џoнас со „Оскар“

Пријанка Чопра Џонас во текот на поткаст-интервју во четвртокот откри дека нејзиниот сопруг Ник Џонас целосно ја поддржува и е убеден дека таа ќе биде прва во семејството што ќе добие „Оскар“.

38-годишната Индијка на почетокот на Варајети-поткаст за доделување награди призна дека сите сè уште се навикнуваат да го слушаат Џонас на крајот од нејзиното презиме.

„Тешко е. Тоа е додаток на идентитетот што го имам повеќе од 35 години “, рече таа.

Пријанка и Ник (28) се во брак од 2018 година.

Актерката го промовираше својот нов филм „Белиот тигар“ кој почна да се прикажува на „Нетфликс“ минатата недела. Таа глуми во драмата и исто така е една од извршните продуценти.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес