Утрински Весник
Македонија

Пријавувањето на „Рекет“ во ЈО за Заев кристално јасен случај, за Мицкоски сомнително

Пријавувањето на „Рекет“ во ЈО за Заев кристално јасен случај, за Мицкоски сомнително

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Пријавувањето на случајот „Рекет“ кај јавниот обвинител за лидерот на СДСМ Зоран Заев е кристално јасен случај како треба да постапува еден политичар и да пријавува криминал и корупција без разлика што се работи за газда на медиум кој е близок до власта и специјален јавен обвинител што го поддржувал со своите политики, а за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пријавувањето е сомнително, бидејќи нема пишан документ за тоа.

-Политичарот го пријавил со сите сознанија што ги имал, истрагата ги потврди има веќе една пресуда, а и другите докази излегуваат на површина. Сега се гледа дали Заев бил одговорен човек како политичар. Одржавме лекција како треба да се постапува. Тоа пред 11 години беше мисловна именка. Само тоа е исправно, а потоа судските органи ја прават истрагата преку транспарентна судска постапка, рече Заев во дуелот на Канал 5.

Мицкоски му посочи дека граѓаните на 12 април ќе судат како ја одржал лекцијата и ќе покажат кој како ќе помине на тој испит. Потсети дека е пријавен и случајот Рекет 2 кај Обвинителството.

-Земен е исказ и има изјава потпишана од обвинителот и архивирана, но никој не Ве викнал на сослушување за да видиме дали е вистина или е монтиран, рече Мицкоски.

Има и еден друг мој сопартиец, посочи, кој пријави случај за кој има „корпиус деликти“ на кој од една страна е потпишан обвинителот, а на друга страна тој што го пријавил и тоа е архивирано.

-Тоа е „корпус деликти“ за пријава, а ова што вие го кажувате е „царот е гол“. Фатени сте дека не ја говорите вистината и при тоа се вадите со тефтерчето во кое сте провериле кога сте го пријавиле случајот. На овој начин се пријавува во Јавното обвинителство, а се друго е бајка и приказна, рече Мицкоски.

На тоа Заев му одговори дека во минатото се се ставаше под тепих, за разлика од сега кога се обелоденува во разговор со обвинител. Посочи дека случајот директно го пријавил на 22 април во Јавното обвинителство пред државниот обвинител и пред обвинителката за организиран криминал.

-Тоа можат да Ви го потврдат. Дали има записник треба да каже Обвинителството. Јас го пријавив случајот и не знам дали воделе записник и како тој е архивиран, рече Заев и посочи  дека не се сеќава дали потпишал документ за пријавување на случајот. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реактивиран пожарот кај пехчевско Негрево

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади