Утрински Весник
Македонија

Пријави за прекршување на работнички права до Хелсиншкиот комитет поднеле 363 работници

Хелсиншкиот комитет го осудува честото одложување на постапката за случајот ,,Тамара’’
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Во периодот од 1 до 14 април 2020 година, Хелсиншкиот комитет доби 56 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 363 работници, информираат од Хелсиншкиот комитет за човековите права.

– Во девет пријави, каде се отпуштени 67 работници, отказите се основани поради деловни причини, поради вина на страна на работникот и отказ поради прекршување на работниот ред и дисциплина. Врз основа на принудно спогодбено раскинување на договорот за вработување се отпуштени 264 работници. За прекршување на мерките на Владата, се отпуштени седум работници, однсно 67 работници се отпуштени заради намалување на платите/неисплатени плати, велат од Хелсиншки Комитет.

Гледано во проценти по родова распределба, 62 отсто од отпуштените се работнички. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Советот на Струга во ќор-сокак, градоначалникот најавува избори

За 10 години се сменија 9 министри за здравство, проблемот со паркирањето во Клинички останува

Тренчевска: Нема пари за поголеми плати, има само за криминални тендери