Утрински Весник
Македонија

Пријава за скопјанец кој фалсификувал сообраќајна дозвола

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.А.(31) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

Во текот на 2021 година, пријавениот со фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко возило „фолксваген пасат“, кое го земал на користење од негов пријател, а кој пак, го имал закупено возилото од рентакар агенција, го заложил како гаранција во финансиско друштво за одобрување парична позајмица во износ од 360.000 денари.

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снајдат за преживување

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ

Огромни гужви на граничните премини кон Грција