Утрински Весник
Македонија

Притвор од 8 дена за насилникот од автокампот Градиште

Притвор од 8 дена за насилникот од автокампот Градиште

Охридското обвинителство поднесе предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули во Охрид, во автокампотот Градиште извршил грубо насилство врз три лица.

„Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност. Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените“, информираат од Обвинителството.

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството, па со Решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 8 дена.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР: Предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес за убиството на Росица

Апасиев: По налог на Мицкоски, само на Левица и е забрането рекламирање – Уставниот суд веднаш да се изјасни

СДСМ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не ги отфрла црвените линии ниту чекорите од планот, историските факти во резолуцијата се точни