Утрински Весник
Македонија

Притвор од 30 дена за 19-годишник за полов напад

Притвор од 30 дена за 19-годишник за полов напад

Тетово, 4 март 2020 (МИА) – Деветнаесетгодишник од Тетово кој беше приведен поради сомнение за полов напад врз 14-годишно девојче, доби 30 дена притвор.  Во текот на вчерашниот ден мерката ја определил судија во претходна постапка при Основниот суд Тетово.

-Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Н.Н.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.  Н.Н. на 1 март годинава околу 14 часот во влез од зграда на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, допирал по тело малолетничка од Тетово и се обидел да изврши обљуба врз неа, информира тетовската полиција.

Мината недела за истото сомнение иста мерка од 30 дена притвор доби и 61-годишно лице од Тетово.ас/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?