Утрински Весник
Македонија

Притвор за цариниците и полицајците уапсени за шверц на дрога

Притвор за цариниците и полицајците уапсени за шверц на дрога

Притвор за цариниците и полицајците кои денеска беа уапсени во голема полициска акција, за шверц на дрога.

„ Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело Криумчарење, а дел за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постака.

Според решенијата за опредлеување мерка притвор, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат
делото“ се наведува во соопштението.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Можете да прочитате

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен од утре ќе биде пуштен за сообраќај

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз