Утрински Весник
Македонија

Притвор за тројца прилепчани кои пренесувале над 45 килограми дрога

Уапсени двајца дебарчани во чиј „голф“ била пронајдена вреќа со марихуана

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против три лица, сите од село Дебреште, поради сомневање дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Првоосомничениот заради продажба организирал неовластено пренесување, а второ и третоосомничениот пренесувале хашиш во количина од 14.472,8 грама спакуван во една најлонска вреќа и марихуана во количина од 31.147,4 грама спакувана во три најлонски вреќи.

Откако претходно првоосомничениот ја набавил дрогата од непознато лице, му кажал на второосомничениот од каде да ја подигне за да ја пренесе до местото Песјо Брдце во Прилеп, каде што требало да се изврши продажбата.

На четврти септември второосомничениот заедно со третоосомничениот ја подигнале дрогата и ја ставиле во возило, по што околу 20:30 часот пристигнале на договореното место.

Третоосомничениот ги извадил четирите вреќи со дрога и ги ставил покрај патот, а второосомничениот се упатил кон комбе кое претходно било паркирано, а во кое сметал дека се наоѓа купувачот на дрогата, при што бил пресретнат и фатен од страна на полицијата.

На осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал