Утрински Весник
Македонија

Притвор за тетовец кој ја уби сопствената мајка

Притвор за тетовец кој ја уби сопствената мајка

Tетовското основното јавно обвинителство донесе наредба за нистражна постапка против 45-годишен жител на селото Селце, кој при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот сопствената мајка.

Како што информираат од обвинителството, на 8 април во дворот на семејната куќа во која живееле, без повод и причина, осомничениот ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.

Судот го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот кој се товари за убиство, му определил притвор во траење од 30 дена​.

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово