Утрински Весник
Македонија

Притвор за скопјанец кој на преминот Блаце бил фатен со марихуана и екстази

Притвор за скопјанец кој на преминот Блаце бил фатен со марихуана и екстази

Скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 47-годишен скопјанец, поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничениот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин Блаце, во автомобилот „бе-ем-ве“ со скопска регистрација, неовластено заради продажба држел марихуана спакувана во кесе со вкупна тежина од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин (МДМА) и пластичен шприц со волумен од 10 милилитри хашиш масло.

При претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот, полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!