Утрински Весник
Македонија

Притвор за разбојници од Албанија кои извршиле тешки кражби во Гостивар

Притвор за разбојници од Албанија кои извршиле тешки кражби во Гостивар
Dik 300x250 mk

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против двајца албански државјани Б.Д.(20) и К.Д.(22), поради сомнение дека сториле кривични дела тешка кражба.

Тие се сомничат дека во февруари и март годинава извршиле две тешки кражби во куќи и притоа одзеле поголем број разни предмети.

Б.Д. и К.Џ. вчера биле изведени пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар, кој им определил притвор и околу 22.30 часот биле спроведени во затворот во Шуто Оризари во Скопје.

Предметите што ги украле двајцата разбојници им биле вратени на сопствениците.

Можете да прочитате

Утрово измерени 0 степени во Берово

Седум пиштоли и над 300 куршуми пронајдени кај маж од скопско

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола