Утрински Весник
Македонија

Притвор за професор кој нападнал ученичка во Крушево

Заев: Школската година ќе започне на 1 октомври

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 54 – годишно лице поради постоење на основано сомневање дека го сторил кривичното дело – обљуба со злоупотреба на положбата.

Осомничениот на 17 декември околу 10,00 часот, со злоупотреба на својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз негова ученичка на возраст од 15 години, која му била доверена заради учење. Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата.

Јавен обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Полицијата претходно информираше дека случаот го пријавила мајката на девојчето.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен од утре ќе биде пуштен за сообраќај

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз