Утрински Весник
Македонија

Притвор за прилепски дилери на дрога кои пет месеци продавале марихуана, кокаин, хероин и амфетамин

Притвор за прилепски дилери на дрога кои пет месеци продавале марихуана, кокаин, хероин и амфетамин

Прилепското сновно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против четири лица, за кои постои сомневање дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари годинава, неовластено набавувале, пренесувале, држеле и продавале марихуана, кокаин, хероин и амфетамин.

Тие откако ќе ја набавеле дрогата, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали пакувања.

По меѓусебни телефонски разговори, прво и второосомничениот неовластено продавале и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на дрогата во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата.

Судијата на претходна постапка на осомничените им определил мерка притвор со траење од 30 дена.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија

Измерени само 4 степени, исклучително свежо утро во Македонија