Утрински Весник
Македонија

Притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Триесетдневен притвор му одреди велешкиот суд на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, поради тоа што не се појавил на рочиште за главна расправа за предметот „АКМИС“, објави Коалицијата за правично судење.

„ Главната расправа се одложи поради отсуство на обвинетиот и неговиот бранител. Судот на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од Коалицијата.

Против Владимир Панчевски уште пред една година беше поднесен обвинителен предлог од страна на скопското обвинителство, за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети (АКМИС) во Кривичниот суд.

Судењето се одложува повеќе од 9 месеци и досега не е почната ни главната расправа.

На Панчевски треба да му суди велешкиот суд, за да се избегне евентуална пристрасност бидејќи тој претходно раководеше со Кривичниот суд во Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?