Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Притвор за насилници кои тешко повредиле вработени во прилепската болница

Притвор за насилници кои тешко повредиле вработени во прилепската болница
Img 7972

Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои сомнение дека сториле кривично дело насилство.

Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар.

Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на надлежниот јавен обвинител и на четворицата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Филипче од Центар: нема да влегувам во калта, ќе го разобличувам Мицкоски

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ќе дува силен северен ветер (над 65 км/час)