Утрински Весник
Македонија

Притвор за маж кој крадел икони од црква

Притвор за маж кој крадел икони од црква

Скопското обвинителство поднесе Обвинение против 42-годишен скопјанец, кој крадел икони од црквата „Света Петка Исконска“.

Обвинителството предложи на Судот, на обвинетиот да му ја продолжи веќе определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство.

„Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, кога провалувајќи влегол во внатрешноста на црквата Св.Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата. Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“, велат од Обвинителството.

Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски: Имам доверливи информации зошто Груби не бил испратен во „Шутка“, но не можам да ги објавам

Трендафилов: Ако мислат дека со притисоци и снимки ќе не замолчат – се лажат

Стојаноски: Владата ќе има системска борба наместо привремени мерки за запирање на поскапувањата