Утрински Весник
Македонија

Притвор за лицата кои силуваа девојка во Струмица – ја сретнале жртвата на улица и ја внеле во автомобил

Притвор за лицата кои силуваа девојка во Струмица – ја сретнале жртвата на улица и ја внеле во автомобил

Притвор од 30 дена за трите лица кои се сомничат за силувањето на 19-годишната девојка во Струмица, што се случи пред две недели.

„Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба“, велат од обвинителството.

Притворените се на возраст од 18, 21 и 25 години.

 

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, залихи има доволно

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето

(Видео) Жртва на семејно насилство за 4TV: Системот не ги штити жртвите туку е на страна на моќниците