Утрински Весник
Македонија

Притвор за кумановец фатен со 15,77 грама марихуана

Притвор за кумановец фатен со 15,77 грама марихуана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кумановското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 23-годишен кумановец поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничениот од јануари до август 2020 година, заради продажба држел марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани, при претрес, кај осомниченот, како и во негвото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна маса од 15,77 грама.

Обвинителството до Основен суд Куманово поднесе предлог на осомничениот да му биде изречен притвор, во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот на осомниченото лице му е определил притвор во траење од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје