Утрински Весник
Македонија

Притвор за кратовец кој под закана со нож силувал малолетничка

Притвор за кратовец кој под закана со нож силувал малолетничка

Штипското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

На 14 јануари, осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци.

За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, го ставил на вратот на оштетената и ѝ се заканил.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип определил мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена​.

Можете да прочитате

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф

Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

ЦУК: Четири активни пожари, три се под контрола